Македонија

Наталитетот повторно во пад, зголемен бројот на разводи

Државниот завод за статистика со поразителни показатели за демографските процеси

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува минус 1.135 лица. Ова значи дека за толкав број лица е помал помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.

Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4,2 проценти.

Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1,2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4.876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8,1 отсто во споредба со  истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува  зголемување од  0,4 проценти во споредба со истиот период од 2024 година.

Најнови вести од: Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top