Бизнис

Сладоледот извозен адут на Македонија – за 10 години извозот зголемен за четири пати

Лани продадени во странство 30 проценти повеќе од популарниот десерт во однос на претходната година и во количина, и во вредност

Сладоледот полека, но сигурно станува извозен адут на Македонија, за што зборува растот од 30 проценти за една година и четирикратно за последните 10 години.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, Македонија лани извезла 5.260 тони сладолед во вредност од 18,2 милиони евра или речиси една третина повеќе во однос на претходната година.

Во 2015 година извозот достигнал 4,5 милиони евра, што значи дека оттогаш до денес продажбата во странство на леденото слатко задоволство се зголемила за четири пати.

Дека сладоледот станува вносен бизнис во државава потврдува и фактот дека нето ефектот од трговијата со него, односно разликата меѓу извозот и увозот од 11,8 милиони евра лани е 6,4 милиони, што зборува за конкурентноста на овој македонски извозен производ на пазарите, пред сè, во регионот.

 

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top