Македонија

Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е

Луксузен одмор

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во странство.

-Сметам дека имам легитимитет и кредибилитет, цел живот работам за граѓаните, како доктор, како министер и за стандардот, во владата која седев носеше мерки за платите, платите на докторите се зголемија за 150%, сега платите се 150.000 имам право и ќе продолжам да се борам за стандардот. Тој систем на пропаганда кој е присустен, ме обвинуваа за куќа во Нерези, излезе дека не е вистина, дека имам џип не е вистина, дека имам зграда во Дубаи и авиокомпанија не е вистина, дека имам јахта не е вистина, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали се консултитира со поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, Филипче негира и вели дека одлуките ги носат со потесното раководство на партијата.

-Не, Зоран Заев повеќе не се занимава со политика, моите одлуки ги градиме со раководството, со потесното раководство на Извршниот комитет и се автентични одлуки на новото раководство на СДММ, вели претседателот на опозициската партија.

Инаку, како што неодамна објави порталот Плусинфо, Филипче беше уловен на луксузна јахта на Халкидики во Грција заедно по поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет!

Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно им наштетува на македонските позиции и црвени линии, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

На продажба некогашните гиганти „Бристол“, „Јадран“, „Пивница“

„Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17.700.000 евра во денарска противвредност, зголемена за сите соодветни јавни давачки, односно даноци“, се вели во предлог-одлуката.

Шатев: Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните македонски поколенија!

Денес во Велес одбележани 123 години од подвигот на гемиџиите Под мотото „Чествување за бесмртните“ Општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија., а со која младите интелектуалци во најголем број велешани сакале да го свртат вниманието на Европа за поробена од Турците, Македонија, а кои серија […]

Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце на Шара во 2001, ѕверски масакрирани во заседа

Одборот на бранителите денеска одбележа 25 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Бреза.

ЗНАМ: Кој го води СДСМ, Филипче или Спасовски?

Во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, велат од ЗНАМ посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието

Најнови вести

To top