Македонија

Премиерот за Брвеница: Судир меѓу програма и етничка реторика

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, порача премиерот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, даде изјава по поразот на кандидатот на неговата партија, Стојанчо Радичевски, на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Во објава на социјалната мрежа Икс поранешен Твитер Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ настапила со конкретна изборна програма и развоен концепт, додека политичките противници, според него, се потпирале на етничка мобилизација и одвлекување гласови.

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, напиша Мицкоски.

Тој нагласи дека концептот „Една Брвеница за сите“ останува основа на политиките на неговата партија.

„Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, порача премиерот.

Реакцијата следува по победата на Аркин Јахиј, кандидатот на Националната алијанса за интеграција, поддржан од ДУИ, кој според објавените резултати освои 4.379 гласа, наспроти 4.178 за Радичевски.

Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 201 глас, а ВМРО-ДПМНЕ претходно им ја честиташе победата на политичките противници.

Најнови вести од: Македонија

To top