Бизнис

Македонците ја избегнуваат Бугарија? Не се во топ-10 посетители во јули

Македонија осма дестинација за бугарските државјани минатиот месец

Државјаните на Македонија не се во топ-10 најчести посетители на Бугарија во јули годинава, кога источниот македонски сосед најмногу го посетиле Романци (307,5 илјади), Турци (305,4 илјади), Украинци (220,5 илјади), Германци (183,2 илјади), Полјаци (105,6 илјади) итн.

Бугарите минатиот месец оствариле околу 1.006.300 милиони патувања, што е зголемување за 16,8 проценти во однос на истиот месец 2004 година, а Македонија е осмата најчеста дестинација на бугарските граѓани.

Македонија во јули ја посетиле 33,2 илјади државјани на Бугарија, од кои 12.755 за одмор и екскурзија, 3.839 службено и 16.645 со друга цел.

На врвот е Грција со 261,7 илјади бугарски државјани што ја посетиле минатиот месец, втора е Турција со 253,2 илјади, а трета Романија со 91,7 илјади. Следуваат Германија со 56,7 илјади, Србија со 54,3 илјади, Италија со 38,4 илјади, Франција со 34,8 илјади, а зад Македонија во топ-10 се Шпанија со 31,5 илјади и Австрија со 28,8 илјади.

 

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top