Свет

Трамп повика да бидат гонети Сорос и неговиот син Александар

Претседателот на САД побара обвинение за милијардерот и за неговиот син за насилните протести во 2020 година

Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл побара покренување обвинение за милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син Александар, не бирајќи зборови за нив и за нивните поддржувачи вклучени во насилните протести низ САД во 2020 година.

„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен син од радикалната левица треба да бидат обвинети за РИКО (федерален закон за борба со организираниот криминал – н.з.) поради нивната поддршка на насилните протести и многу повеќе, низ целите Соединети Американски Држави. Нема повеќе да дозволиме овие лудаци да ја распарчуваат Америка, никогаш не давајќи ѝ шанса да „ДИШЕ“ и да биде СЛОБОДНА. Сорос и неговата група психопати предизвикаа голема штета на нашата земја! Тоа ги вклучува и неговите луди пријатели од Западниот Брег. Бидете внимателни, ве гледаме! Ви благодариме за вашето внимание по ова прашање!“, објави Трамп.

Најнови вести од: Свет

Скапата нафта ќе ги приземји авионите!?

Европската аеродромска индустрија предупреди дека недостигот на гориво за авиони би можел да ја погоди европската економија во рок од три недели, нарушувајќи ги летните патувања и „значително“ предузвикувајќи штети на економијата

Турција бара 1.000 години казна затвор за Нетанјаху

Турција ги обвинува израелските власти за злосторства против човештвото, геноцид, лишување од слобода, суров третман на членови на хуманитарната флотила „Сумуд“, оштетување на имот, грабеж и запленување на возила

To top