Македонија

Николоски: Побезбедно патување со рехабилитација на обиколницата кај Крива Паланка

Активно се работи на реконтрукција и проширување и на граничниот премин и има добра динамика

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска присуствуваше на отпочнување на градежни активности за рехабилитација на обиколницата кај Крива Паланка.

Тој потсети дека пред извесно време се пушти во употреба и експресниот пат од Страцин до Крива Паланка кој како што рече, веќе го менува менува животот во овој дел од Македонија.

-Со рехабилитацијата на обиколницата, оние кои патуваат кон Бугарија исто така ќе можат побрзо и побезбедно да патуваат. Активно се работи на реконтрукција и проширување и на граничниот премин и има добра динамика. Очекувам за брзо време да биде завршена како би имало и поголем протокот на границата, посочи вицепремиерот и министер за транспорт.

Николоски потенцираше и дека Владата инвестира и 280 милиони денари во проекти во Општина Крива Паланка.

На настанот присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајновски.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top