Македонија Регион

Силјановска-Давкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко

Тешко е човек да ја изрази импресијата по ваков настан иако јас по вторпат доаѓам овде, секогаш како да е првпат. Молебенот од вчера ќе го помнам цел живот. Беше прекрасно да се поклоните на некој на кој му се поклонува сиот словенски свет – на Кирил, на филозофот Константин, изјави претседателката Гордана Сиљановска – […]

Тешко е човек да ја изрази импресијата по ваков настан иако јас по вторпат доаѓам овде, секогаш како да е првпат. Молебенот од вчера ќе го помнам цел живот. Беше прекрасно да се поклоните на некој на кој му се поклонува сиот словенски свет – на Кирил, на филозофот Константин, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во Рим, по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители.

  • Тоа е место што зрачи со духовност, а дополнително кога ќе чуете молебен од прекрасни, посветени, млади, убави свештеници тогаш верата уште повеќе се зајакнува и тоа е момент на духовност, истакна претседателката Силјановска – Давкова, која заедно со државно-црковната делегација денеска ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Силно  и инспиративно е, истакна Силјановска-Давкова, „да прочитате на македонски јазик, покрај на другите словенски јазици, дека му оддаваат почит на духовниот сесловенски татко без кој веројатно ние тешко би се просветиле, бидејќи тој е носителот, промоторот на писменоста, а без писменост не можете ниту умот ниту мислите да ги изразите“.

На тоа, како што посочи, се надоврзува денешната посета на гробот на папата Франциск, кој „ќе остане запаметен по умот, по посветеноста, по ерудицијата, по блискоста до граѓаните, до верниците, длабоката верба во Бог, во мирот, човекот посветен на обичните, на сиромашните“.

Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим денеска присуствуваше и црковната делегација, предводена од митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф, и голем број македонски граѓани, за што таа рече дека „ова мало одбрано друштво верска фамилија овде, придружено и од многу нашинци, уште повеќе ја зајакнува вербата во доброто, во мирот, во единството на кое особено повикува новиот папа Леон 14“.

  • Тоа е она предупредување за нас обичните луѓе, верниците, дека не е завршен патот, дека се уште не е остварена визијата на големите Кирил и Методиј, а еве и на папата Франциск, рече Силјановска – Давкова.

Најнови вести од: Македонија Регион

Борисов кажа што треба да направи Македонија за да почне, а што понатаму за да продолжи преговори со ЕУ

Го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија

Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност (ГАЛЕРИЈА)

На самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции. Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски

Мицкоски: Местото на Македонија е на масата во Брисел како рамноправна членка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака до европските институции дека очекува јасни гаранции оти нема да има нови билатерални условувања и дека македонскиот идентитет, јазик и култура се константа и неспорен факт

To top