Бизнис

Kако најевтино да се затопли домот во претстојните студени зимски денови?!

Граѓаните се свесни дека мора да платат за затоплување на домот, но се зависи колку им е длабок џебот. За голем дел од жителите на главниот град нема дилеми, бидејќи се приклучен на топлификационата мрежа. Најтешко ќе им биде на оние што се греат на струја.

Централно парно греење, инвертери, дрва. Различен тренд, иста дилема – како најевтино да се затопли домот во претстојните студени зимски денови. Енергетските експерти велат дека не може да се каже кој е најевтин начин за греење, зашто освен цената на ресурсот и опремата, влијание има начинот на живеење, но и енергетската ефикасност на објектите.

Централното парно греење е на прво место, но не може секој да го има. Како одлична можност е и топлинска централна пумпа, но инвестицијата чини пари“, вели за МРТ1 енергетскиот експерт Константин Димитров,

Граѓаните се свесни дека мора да платат за затоплување на домот, но се зависи колку им е длабок џебот. За голем дел од жителите на главниот град нема дилеми, бидејќи се приклучен на топлификационата мрежа. Најтешко ќе им биде на оние што се греат на струја.

Оние кои ќе се топлат на дрва, треба да одвојат од три до 4.000 денари за еден кубик. Во државното складиште најчесто се бара бука и даб. За една грејна сезона едно домаќинство троши околу шест метри кубни дрва. Паралелно, државата ги мотивира граѓаните да ги користат субвенциите за инвертери.

Најнови вести од: Бизнис

Повик за компании: Искористете бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Избраните компании ќе имаат можност да соработуваат со искусни канадски советници, професионалци со долгогодишно меѓународно искуство, кои ќе обезбедат практични совети и насоки за конкретни деловни предизвици и развојни можности, согласно потребите на компанијата.

Македонија има потенцијал да го забрза економскиот раст, вели Карол Межеван од Светска банка

За целосно искористување на овој потенцијал ќе бидат потребни континуирани напори за зајакнување на конкуренцијата, доброто управување, развојот на вештините и интеграцијата со единствениот пазар на Европската Унија.

Ќе се гради пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“

Ова лето ќе почне да се реализира третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“ каде што најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

To top