Македонија

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори 2025

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, а за членови на советите на општините потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи.

Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (двајца кандидати), Могила, Новаци (двајца кандидати), Гостивар, Демир Хисар (четворица кандидати) и за Градот Скопје.

За листа на советници потписи се собираат во Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола (две листи за советници), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори е до 13 септември. До 11 септември е рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на Државната изборна комисија (ДИК). Во тек е и пријавувањето за набљудување и известување од изборите.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top