Македонија

Скандал во МАНУ: Втор обид за крунисување за академик на професорката Лажетиќ!

Деновиве јавноста е шокирана од информацијата за актуелни состојби во МАНУ а поврзана со кандидатурата на проф. д-р Гордана Лажетиќ за иден академик, пишува Илиевски

Втор обид на академик професор д-р Владо Камбовски да инсталира свој кадар во МАНУ, пишува инспекторот Ѓорѓи Илиевски кој смета дека во МАНУ треба да влезат најспособните и МАНУ не треба да биде заложник на академиците од типот на Владо Камбовски, кој здружен со академик Таки Фити настојуваат да дејствуваат само од лични мотиви.

Деновиве јавноста е шокирана од информацијата за актуелни состојби во Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), а поврзана со кандидатурата на проф. д-р Гордана Лажетиќ за иден академик, пишува Илиевски во анализа за Нетпрес.

,,Досега имам посветено неколку колумни за оваа професорка и за нејзиното пливање низ неколку влади и посебно нејзиниот ангажман во многу комисии за измени и дополнувања на закони во Министерство за правда, во комисии за реформи на правосудниот систем, комисии за дигитализација на судството и каде ли уште НЕ!

Да, оваа професорка, која наместо да се ангажира научно и да пишува трудови со импакт фактор (имајќи во предвид дека од објавеното пред неколку денови зачудувачки колку малку е присутна на листите за цитираност???) и придонесе нашата држава да добие достоинствено место на Шангајската листа, се определила да се фокусира кон ангажмани кои ќе и’ донесат финансии од буџетот.

Едно време се прашувале вработените во Министеството за правда: дали е вработена во Министерството или на Правниот факултет во Скопје”, пишува Илиевски за кој оваа состојба е чудна, но реална!

Илиевски поставува повеќе прашања за овој скандал:

,,Како нашата држава ја избрала оваа професорска за член на Националниот совет на високото образование, а набрзо после тоа и за претседателка на ова тело, имајќи го во предвид нејзиниот минијатурен научен опус изразен низ објавени научни трудови во домашни и меѓународни списанија со импакт фактор? Ако членовите на ова највисоко тело имаат таква библиографија, како тие ќе придонесат за подобрување на состојбите во високото образование? Ако овие членови имаат малку етика е редно сами да се повлечат и да си заминат и да продолжат, се извинувам да почнат да се занимаваат во вистинска научна работа на факултетите каде се избрани во наставно-научно звање”, пишува Илиевски.

Според екс инспекторот кој е експерт за образовни процедури професорката Лажетиќ е ,,избрана за член на Националниот совет за високото образование во времето на СДСМ и практично беше присутна во многу комисии, заедно со нејзиниот колега, екс претседателот на судот во Кавадарци, сега разрешен и обвинет за сериозни кривични дела – Лазар Нанев. Пребарувајте на Google и ќе ги видите на секоја фотографија заедно. А, кога почна кампањата против Лазар Нанев, истата се повлече и ја нема затоа што веројатно се солидаризира со нејзиниот колега”, пишува Илиевски.

Според него сега единствено упориште и останало во Националниот совет за високото образование, каде влегла во времето на СДСМ, по што станала претседател и си го продолжила мандатот, смета Илиевски.

Целата анализа на Нетпрес

Повеќе за скандалот на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

To top