Македонија

Пренџов бара итна седница на комисијата за надзор над АНБ

Пренџов посочува дека граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите

Пратеникот Љупчо Пренџов денеска истакна како членови на комисијата за надзор над АНБ и АР, јавно упатуваат повик до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Скендер Реџепи од европскиот фронт ДУИ, да закаже итна седница на комисијата.

-Целта е, на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани. Овие случувања веќе предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност. Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, вели пратеникот.

Пренџов посочува дека граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за тоа никогаш да не се повтори.

-Остануваме доследни во посветеноста кон вистината, владеењето на правото и заштитата на интересите на сите граѓани, нагласува Пренџов.

Најнови вести од: Македонија

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело во спортот

Добитник на државната награда „8 Септември“ за 2025 година за животно дело е проф.д-р Јошко Миленковски, сегашниот селектор на македонската одбојкарска репрезентација на Република Македонија, како признание за неговиот извонреден придонес во унапредувањето на спортот, но и за афирмацијата и претставувањето на Република Македонија во меѓународни рамки. Оваа награда на Миленковски ќе му биде врачена […]

(Фото галерија): „Вардариште“ како гасна централа – Што всушност дишат скопјани?!

Главоболка, печење на очите и грлото стана секојдневие, се жалат скопјани. Жителите кои живеат во близина на депонијата „Вардариште“ алармираат дека ноќе се приморани да бидат во затворени дома, но смрдеата навлегува и внатре во собите. Лекарите велат се е бадијала.

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

To top