Македонија Спорт

Регулативата на ЕХФ „во одбрана“ на Алкалоид за билетите за АЕК

Правилникот за организација на натпревари при Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги прави беспредметни обвинувањата од АЕК до „локалните власти на Скопје“ во врска со влезниците за гостинските навивачи, крунскиот аргумент да не го одиграат синоќешниот реванш со Алкалоид од финалето на Европскиот куп. Постапката во врска со билетите за гостинскиот тим регулирана во членот 39.2, […]

Правилникот за организација на натпревари при Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги прави беспредметни обвинувањата од АЕК до „локалните власти на Скопје“ во врска со влезниците за гостинските навивачи, крунскиот аргумент да не го одиграат синоќешниот реванш со Алкалоид од финалето на Европскиот куп.

Постапката во врска со билетите за гостинскиот тим регулирана во членот 39.2, кадешто првиот став вели: „Домашните клубови треба да стават на располагање 10% (минимум 200 билети) од билетите за влез на гостинските клубови, со плаќање на вообичаената локална цена“.

Токму тој минимум од 200 влезници го обезбеди Алкалоид за фановите на атинскиот клуб, но оттаму побарале неколкукратно поголем број карти, па откако не добиле, решија да не излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“, со вкупен капацитет од 6.171 место за седење.

Ако сакале повеќе билети од одредените од домаќинот Алкалоид, тоа морале да го сторат најмалку десет дена претходно, а не на денот на натпреварот.

„Целосниот број билети мора да биде нарачан од гостинскиот клуб во писмена форма најдоцна десет (10) дена пред натпреварот. Доколку до тој датум не се прими нарачка за билети, билетите може да ги продава домашниот клуб без никакви ограничувања (видете точка 38)“, обврзува вториот став од членот 39.2 од Правилникот.

На првиот меч во Атина домаќинот му додели 170 билети на Алкалоид, далеку помалку од 10 отсто од вкупно 8.327, колку што е капацитетот на „СУНЕЛ арената“, но македонскиот претставник излезе на терен и, наспроти сите провокации, недолични скандирања и фрлени пластични шишиња со вода, победи со 29:25.

 

Најнови вести од: Македонија Спорт

Во недела во Музеј на македонската борба за самостојност концерт на женскиот хор „Фрида“

Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“. Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во 2 секции/групи составени од по […]

Секој збор може да е казнет – од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места. За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.

Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество лани жените имаат симболична улога

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите. Потребно е почитување на основните вредности и принципи преку кои ќе се покаже дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија туку хуманистички императив. Ова беа дел од пораките кои беа испратени на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност”.

Мециновиќ пред изборникот молк: Од недела повеќе ништо нема да биде исто

Говорејќи за кампањата, Мециновиќ обвини дека на овие избори се случил, како што рече, преседан односно дека јавно бил обелоденет неговиот матичен број, што е кривично дело за кое, како што наведе, правниот тим на Левица веќе се подготвува од понеделник да поднесе тужби и кривични пријави.

To top