Македонија

Јаневска: Ќе има зголемување на сумата за студентски оброк од следната година

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека постои можност за зголемување на сумата за студентски оброк поради инфлацијата, но тоа би се реализирало следната година.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека постои можност за зголемување на сумата за студентски оброк поради инфлацијата, но тоа би се реализирало следната година.

„Искрено се надевам дека постои таква можност. Се разбира, треба да се направи нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, но зборуваме за следната година. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, кое го направивме. Досега за сè што побараа, сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа го признаваат и го промовираат“, рече Јаневска.

Таа додаде дека реализацијата на оваа мерка зависи од буџетот, но нагласи дека ќе продолжи да ги поддржува оправданите барања на студентите.

„Зависи од состојбата на буџетот, но кога сметам дека барањата се оправдани, ќе ги застапувам додека сум министер“, истакна Јаневска.

Денес во Скопје, заедно со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, министерката го промовираше прирачникот за вештачка интелигенција во образованието.

Најнови вести од: Македонија

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

To top