Бизнис

Стапката на нефункционални кредити падна на историски најниско ниво до сега

Советот оценува дека од јануари до крајот на септември банкарскиот сектор остварувал добивка од работењето, иако таа благо се намали, но показателите за профитабилноста и натаму се на солидно ниво.

И во третиот квартал од годинава, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност на капиталот е стабилна и изнесува  19,5%, а ликвидносната позиција зајакна со што покрива значителен дел од краткорочните обврски и од депозитите на домаќинствата, оценува Советот на Народна банка во последниот извештај.

Како што е соопштено резултатите од стрес-тестовите укажуваат на висока отпорност на банкарскиот систем на потенцијални шокови. Во овој квартал квалитетот на кредитното портфолио дополнително е подобрен, а стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво од 2,3%.

Оценето е дека растот на депозитите и натаму е солиден, иако е благо забавен, при што значителен придонес имаат денарските и долгорочните депозити.

Кредитниот раст на нефинансиските сектори забави на квартална основа, додека годишната стапка на раст на вкупните кредити благо се зголеми и изнесува 14,9%.

Советот оценува дека од јануари до крајот на септември банкарскиот сектор остварувал добивка од работењето, иако таа благо се намали, но показателите за профитабилноста и натаму се на солидно ниво.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top