Свет

Путин со закана до „Коалицијата на подготвените“: Ќе ни бидете мета

Русија ќе ги смета за легитимна цел за уништување сите странски трупи што ќе се појават на територијата на Украина

Русија ќе ги смета за легитимна цел за уништување сите странски трупи што ќе се појават на територијата на Украина, изјави претседателот Владимир Путин.

Неговата изјава доаѓа како одговор на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека 26 европски земји  од 30-члената Коалиција на подготвените во Париз „се обврзале да распоредат трупи како безбедносни сили во Украина или да бидат присутни на копно, на море или во воздух“.

Путин итакна дека ако се постигнат договори за долгорочен мир, нема да има смисла присуството на контингенти на НАТО во Украина.

– Русија ќе ги почитува безбедносните гаранции што мора да се дадат и за Руската Федерација и за Украина. Ако се постигне долгорочен мировен договор, Москва целосно ќе го спроведе – рече Путин.

Рускиот лидер додаде дека сè уште не се одржани сериозни разговори за безбедносни гаранции со Русија.

Кога станува збор за директни контакти со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Путин рече дека не гледа многу поента во тоа, но дека Русија е подготвена ако Киев предложи такви разговори.

– Сега е практично невозможно да се постигне договор за клучните прашања. Во Киев, најверојатно, нема да има политичка волја за договор – нагласи Путин. Тој додаде и дека Москва би била најдоброто место за водење разговори меѓу Русија и Украина на највисоко ниво.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека Зеленски бил повикан во Москва, „не да капитулира, туку на разговор“, но дека ја одбил понудата.

Зеленски, пак, во интервју за американски Ти-Би-Ес тврдеше дека Путин купува време за војна одбивајќи ги предлозите за директни преговори кои беа иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.

Додека европските земји очекуваат САД да се приклучи и да одговори на состанокот на Коалицијата на подготвените во Париз, САД постепено ги откажуваат програмите за безбедносна помош за армиите на европските земји на границата со Русија.

Образсо образложение дека Европа мора да ги сноси поголемиот дел од трошоците за сопствена одбрана.

Пентагон ги информираше дипломатите Функционерите на Пентагон минатата недела ги информираа европските дипломати дека Вашингтон повеќе нема да финансира програми за обука и опремување на армиите во Источна Европа, кои би биле на фронтовските линии во случај на конфликт со Русија, изјавија за „Фајненшл тајмс“ извори запознаени со разговорите.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top