Бизнис

Македонија 12. извозник на зелка во светот, шести во Европа!

Со заработени речиси 32 милиони долари од продажбата на зелка надвор од границите, Македонија е лидер во регионот

Македонија е најголем извозник на зелка во регионот, шеста во Европа и 12. во светот, покажуваат податоците на UN Comtrade Database за 2024 година, според кои од земјава биле извезени 66.178.200 тони во вредност од 31.917.722 американски долари.

Од европските земји пред Македонија се само Холандија (четврта во светот) со извоз на зелка вреден 130.517.913 долари, Шпанија (петта) со 124.830.029, Италија (шеста) со 118.267.286, Германија (деветта) со 49.609.182, Полска (десетта) со 48.681.078 и Португалија со 34.480.640 долари.

Недостижна на врвот меѓу извозниците на зелка во светот е Кина со 1.016.792.673 тони извезени лани за 499.955.169 долари, далеку зад неа на второто место се САД со 124.835.030 тони вредни 206.394.360 долари, а трет Мексико со 125.108.553 тони продадени за 150.916.322 долари.

Според Државниот завод за статистика, македонската зелка минатата година се продавала во 26 држави, а најголем извозен пазар ѝ е Полска со 16.000 тони во вредност од 8,5 милиони долари.

Најнови вести од: Бизнис

Превозниците на 31 август ќе излезат на протест пред седиштето на Делегацијата на ЕУ

Превозниците ќе го одржат протестот еден ден пред состанокот на Работната група во Брисел, од чиј исход, како што велат, ќе зависи дали кон средината на септември ќе почнат со протести и блокади на граничните премини.

Буџетот е во добра кондиција но нема за сѐ, рече министерката за финансии

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите.

Соседите профитираат иако рударството им стагнира – Бугарите задоволни од поскапениот бакар, нашиот во Иловица тоне

Рудникот за бакар во Иловица е предвидено да произведува до 16.000 тони годишно, но проектот е во застој. Со прогнозирано активно производство во период до 23 години, овој проект би можел значително да влијае на зголемувањето на македонскиот извоз и врз приходната страна на буџетот.

To top