Македонија

Тошковски: Осми Септември е симбол на историската одлука на нашиот народ да ја преземе судбината во свои раце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со објава на социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независност

facebook.com/PancheToshkovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со објава на социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независноста во која посочува дека 8 Септември е симбол на историската одлука на нашиот народ да ја преземе судбината во свои раце, да создаде слободна, демократска и просперитетна татковина.

– Денеска ја славиме нашата најголема победа – самостојната и независна држава Македонија. 8 Септември е симбол на историската одлука на нашиот народ да ја преземе судбината во свои раце, да создаде слободна, демократска и просперитетна татковина, се посочува во честиката на министерот.

Тошковски нагласува дека во независноста на нашата земја вградена е и секојдневната работа на полициските службеници, нивната пожртвуваност, дисциплина и грижа за безбедноста на граѓаните.

-Исто така, денешниот ден е одлична можност да се потсетиме дека независноста не е само подарок од минатото, туку обврска што сите заедно мораме да ја чуваме и надградуваме. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на независноста!, посочува Тошковски во пишаната честитка.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

To top