Македонија

Димовски: Независноста ја славиме на овој ден, но ја добиваме или ја губиме секој друг ден

Во својата честитка за празникот експратеникот објаснува како ја добиваме и губиме независноста секој ден

Поранешниот пратеник Илија Димовски со малку поинаква честитка за Денот на независноста на Република Македонија.

„Честит 8 Септември! Ден на независноста на Република Македонија!

Независноста не е календарски датум.

Независноста ја славиме на овој ден, но ја добиваме или ја губиме секој друг ден.

Со секое зрно храна што го увезуваме, а можеме сами да го произведеме, ја губиме независноста.

Со секоја спортска победа што нè обединува, ја добиваме независноста.

Со секој туѓ шунд што го прифаќаме, ја губиме независноста.

Со секое дело на култура и уметност по кое светот нè препознава, ја добиваме независноста.

Со секој иселен Македонец, ја губиме независноста.

Со секој наш повратник од светот, ја добиваме независноста.

Со секој намален ранг на нашите универзитети, ја губиме независноста.

Со секој успех на нашите деца по олимпијадите на знаење, ја добиваме независноста.

Со секој загаден ќош, застанат воз, затворена врата во болница, ја губиме независноста.

Со секој километар пат, отворена фабрика или театарска зграда, ја добиваме независноста.

Независноста не е завршен процес, туку недовршена задача.

Независноста не се брани со очај и бес, туку со ум, разум и вредносен систем што ќе им даде сила на добрите, паметните и чесните.

Нека е честит Денот на независноста на Република Македонија!

Нека е вечна идејата за слобода и независност на Македонија!“порача Димовски на Икс.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска понуда за проширувањето

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. На конференцијата со наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ поздравно обраќање имаше политичкиот врв.

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството со Европската унија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта.

Муцунски: Европските пари и се и повеќе од потрребни на Македонија

Планот предвидува интеграција на партнерите во Единствениот европски пазар, унапредување на регионалната економска соработка, забрзување на реформите поврзани со европските стандарди и зголемување на претпристапната финансиска поддршка. Според Европската Унија, ова треба да придонесе за побрз процес на проширување и економски раст во регионот.

Нова шанса за Македонија: Маѓар и Туск предлагаат „Вишеградската група“ да се прошири со земјите од Западниот Балкан, кои не се уште дел на ЕУ!

Премиерите на Унгарија и Полска предлагаат „нова оска за Европа“ – „Вишеградската група“ плус Западниот Балкан, оние држави, кои уште не се во ЕУ, што е нова шанса за македонската евроинтеграција, бидејќи Македонија токму од „Вишеградската група“ добива најмногу вистинска поддршка не само за влегувањето во „евроклубот“, туку и поддршка, која се спротивставува на „добрососедските“ условувања и уценувања за идентитетско-историски отстапки! Новиот премиер на Унгарија заедно со премиерот на Полска најавија дека ќе дејствуваат како „една тупаница“ во Европската Унија. 

Македонија добива 65,7 милиони евра од ЕУ за развој на државата

Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст. Тоа е највисок износ меѓу земјите од регионот во овој циклус на исплати. За споредба, за Албанија се одобрени 49 милиони евра, а за Црна Гора 44,2 милиони евра.

To top