Македонија Спорт

Грчката ракометна федерација бара од ЕХФ нов меч Алкалоид – АЕК, со навивачи и на двата тима!

По вчерашното огласување од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која застана зад Алкалоид и побара од Европската ракометна федерација (ЕХФ) санкции за АЕК за неодиграниот возвратен натпревар од финалето на Европскиот куп во Скопје, денеска Грчката ракометна федерација (ОХЕ) побара нов меч со присуство на навивачи на двата тима. Обраќањето од ОХЕ до претседателот на […]

По вчерашното огласување од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), која застана зад Алкалоид и побара од Европската ракометна федерација (ЕХФ) санкции за АЕК за неодиграниот возвратен натпревар од финалето на Европскиот куп во Скопје, денеска Грчката ракометна федерација (ОХЕ) побара нов меч со присуство на навивачи на двата тима.

Обраќањето од ОХЕ до претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, го пренесуваме во целост:

„Господине претседателе,

Ви го испраќаме ова писмо во врска со второто финале од Европскиот куп на ЕХФ помеѓу екипите на Алкалоид и АЕК, кое беше закажано за недела, 25.05.2015, во арената ‘Борис Трајковски’ во Скопјe.

Знаете дека Грчката федерација немаше никаква организациска или друга улога во спроведувањето на овие две финалиња, но од нашето присуство во двата натпревара ги видовме проблемите што се појавија, нивното справување и сме должни за доброто на ракометот да заземеме став.

Ве потсетуваме дека во нашата земја се организирани 6 финалиња на Европскиот куп на ЕХФ без никакви организациски, натпреварувачки или други проблеми. Во исто време, десетици слични европски финалиња во сите спортови се одржаа во Грција без никакви организациски или други безбедносни проблеми. На сите горенаведени настани прописите на соодветните европски или меѓународни федерации беа целосно имплементирани, освен за финалето на АЕК во периодот 2020-2021 каде, поради Ковид, беа следени здравствените протоколи на Европската федерација.

За конкретните финалиња (меѓу АЕК и Алкалоид – н.з.), големото прашање е зошто, пред почетокот на натпреварите, не беа утврдени условите за нивно одржување, бидејќи ги знаевме и капацитетот на салите и соодветните упатства на Европската федерација во врска со безбедноста и бројот на билети на кои имаше право секој тим. Доколку некој од тимовите се соочил со безбедносни или други проблеми, тоа морало да се дискутира и да се договори пред првиот натпревар од финалето.

АЕК, од своја страна, организираше одличен прв натпревар во арена со капацитет од 8.500 седишта и не се соочи со никакви проблеми ниту со безбедноста, ниту со приемот на тимот на Алкалоид и неговите навивачи.

Во четвртокот, 22 мај, добивме ажурирање од вас за безбедносните проблеми што се појавија во Северна Македонија и со право се поставуваат следниве едноставни прашања:

– Зошто министер одговорен за безбедноста на една земја открива безбедносен проблем по првиот натпревар, а само неколку дена пред вториот?

– Зошто властите на една држава не можат да обезбедат присуство на 650 навивачи во сала со 7.000 седишта и нивен пристап од границите на земјата до салата?

– Зошто АЕК беше притиснат, пред неколку дена, да го игра второто финале во овие услови?

– Зошто на состаноците одржани меѓу претставниците на двата тима безбедносните органи на Северна Македонија и Европската федерација, а бидејќи имало толку вонреден голем безбедносен проблем (за кој не бевме свесни однапред), не беше предложено, заради рамноправност, финалето да се одржи со соодветно намалување на бројот на навивачи за двата тима (т.е. 200 билети за АЕК – 2000 билети за Алкалоид)?

Ве потсетуваме дека ова е втор пат АЕК да има ваков третман на гостување (претходниот беше против Партизан), додека натпреварите во Грција се играат на најбезбеден начин.

И конечно, властите на Северна Македонија нека нè информираат кои се овие вонредни безбедносни причини, неколку дена пред натпреварот, што предизвикуваат забрана за грчки навивачи во земјата.

Господине претседателе,

Длабоко сме заинтересирани за одбрана и заштита на нашиот спорт, и во нашата земја, и во Европа. Наша желба е големите клубови кои привлекуваат илјадници навивачи, како што е АЕК, да учествуваат и во грчкото првенство, и во европските натпреварувања, во присуство на своите навивачи, како што е предвидено со прописите, и дома, и на гости, без оглед на односите меѓу земјите од кои доаѓаат.

Ова е големо нешто за спортот воопшто.

Господине претседателе,

Мора да им покажеме на сите тимови во Европа, на сите оние кои работат напорно за спортот (спортисти, службени лица, судии итн.) дека постои волја од сите земји и засегнати страни за организирање натпревари со рамноправност.

АЕК во овој случај целосно ги спроведе прописите во првиот натпревар, без никакви проблеми, и требаше да добие ист третман и во вториот натпревар, без оглед на резултатот.

Верувајќи во вашата проценка и во рамките на фер-плејот, чија филозофија се роди во нашата земја и се прошири низ целиот свет, како основен концепт на олимпизмот, очекуваме презакажување на натпреварот, со присуство на навивачи на двата тима, како што произлегува од прописите на ЕХФ, кои беа прекршени во вториот натпревар, без доволно оправдување“, се вели во писмото потпишано од претседателот на ОХЕ, Константинос Гандис, и од генералниот секретар Константинос Стаматијадис.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Во недела во Музеј на македонската борба за самостојност концерт на женскиот хор „Фрида“

Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на женскиот хор „Фрида од Македонија“ насловен „Фрида Музикотерапија“. Аматерскиот женски хор „Фрида“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во 2 секции/групи составени од по […]

Секој збор може да е казнет – од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места. За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.

Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество лани жените имаат симболична улога

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите. Потребно е почитување на основните вредности и принципи преку кои ќе се покаже дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија туку хуманистички императив. Ова беа дел од пораките кои беа испратени на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност”.

Мециновиќ пред изборникот молк: Од недела повеќе ништо нема да биде исто

Говорејќи за кампањата, Мециновиќ обвини дека на овие избори се случил, како што рече, преседан односно дека јавно бил обелоденет неговиот матичен број, што е кривично дело за кое, како што наведе, правниот тим на Левица веќе се подготвува од понеделник да поднесе тужби и кривични пријави.

To top