Свет

Таунсенд: Еден дрон може да е грешка, но повеќе беспилотни летала не се

Поранешниот заменик-помошник секретар за одбрана на САД, Џим Таунсенд, изјави за „Њуздеј“ на Би-Би-Си дека е тешко да се поверува дека навлегувањето на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор на 10 септември 2025 година било случајно.

facebook.com/NATO.AIRCOM

Поранешниот заменик-помошник секретар за одбрана на САД, Џим Таунсенд, изјави за „Њуздеј“ на Би-Би-Си дека е тешко да се поверува дека навлегувањето на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор на 10 септември 2025 година било случајно.

Еден дрон може да е грешка, но повеќе беспилотни летала не се“, рече тој, додавајќи: „Ова најверојатно е тест за НАТО, на кој алијансата мора да одговори“.

Таунсенд истакна дека Полска и НАТО ја имаат ситуацијата под контрола, бидејќи дроновите биле забележани на радар и соодветно е реагирано. „Сега политичката страна на НАТО е на потег да обезбеди соодветен одговор“, нагласи тој.

Полските власти потврдија дека повеќе дронови биле соборени, а остатоци од еден се пронајдени. Итен состанок на министрите беше свикан во 8 часот наутро, а премиерот Доналд Туск го информираше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за ситуацијата.

Полска активираше член 4 од договорот на НАТО за консултации, а во операцијата учествуваа полски Ф-16, холандски Ф-35 и италијански АВАКС авиони.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top