Македонија

Владата ќе го спасува „Македониумот“: Ќе се реконструира за да му се врати заслужената слава

За споменикот ќе се погрижат и експерти од странство

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција.

Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денес цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик – рече Митева.

Таа истакна дека нема да бараат оправдувања и оти имаат обврска да го исправат тоа со преземање конкретни и одговорни чекори поради културната и националната важност на „Македониумот“.

– Би сакала да потенцирам дека „Македониумот“ е уникатен архитектонски и уметнички објект, создаден со бетон, витражи и специфични материјали што бараат врвна стручност. Затоа и дел од експертизата ќе ја обезбедиме од странство, за да гарантираме дека ова културно наследство ќе биде трајно заштитено. „Македониумот“ нема да биде оставен да пропаѓа. Ќе го реконструираме, ќе го сочуваме и ќе му ја вратиме заслужената слава. Овој споменик не е само културна вредност, туку е дел од нашата национална меморија и идентитет, и како таков ќе биде пренесен на идните генерации – додаде Митева.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top