Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 20 години не направи ништо за Вардариште

ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова,

ВМРО-ДПМНЕ остро ја критикуваше кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, обвинувајќи ја за празни ветувања во врска со еколошките проблеми, особено за депонијата Вардариште.

– СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен државен секретар во Министерството за животна средина, „20 години не направи ништо за Вардариште и сега повторно го користи како тема во кампањата“. Според партијата, за време на владеењето на СДСМ биле укинати чуварските служби на Вардариште и Дрисла, што ја влошило состојбата.

– Шукова да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните знаат дека резултатите се нула, а токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла, со што дополнително се влоши ситуацијата, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата нагласува дека граѓаните на Скопје заслужуваат конкретни проекти и резултати, а не популизам.

– ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија, проекти и посветеност за поздрава животна средина, порачаа од партијата

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top