Од утре (недела) преминуваме на зимско сметање на времето откако во 03: часот по полноќ, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03 часот ќе се смета како 02 часот.
Зимското сметање на времето ќе трае до недела, 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред.
Датумите се потврдени и со официјалната одлука на Владата, објавена во „Службен весник“ број 58 од 19 март 2026 година.
Поместувањето на часовниците двапати годишно се применува со децении, но неговата оправданост сè почесто се доведува во прашање.
Дискусијата за укинување на оваа практика трае со години, но европските земји сè уште немаат постигнато конечен договор.