Македонија

Видео на денот: Ана и Игор Дурловски со „Стојне бре, Стојне“ на ЕКСПО во Јапонија

Македонските оперски уметници од светски глас го збогатија одбележувањето на Денот на независноста во Осака

Македонските оперски пејачи од светски глас Ана и Игор Дурловски со својот настап ставија печат врз специјалната програма за 8 Септември – Денот на независноста во рамките на ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија.

„Ова е парче од нашиот настап на ЕКСПО 2025 во Осака Јапонија со Ана Дурловски и Камерниот оркестар ‘Ајга’ водени од одличната маестра Ана Спасовска.Прекрасните аранжмани се на нашиот истакнат композитор Сони Петровски.
Полната сала и топлиот прием од јапонската публика беа вистинска потврда дека музиката ги обединува световите. 🇲🇰🇯🇵“, напиша поранешниот генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) во постот со видеото од нивната изведба на современата обработка на македонската народна песна „Стојне бре, Стојне“ на линкот.
 

Најнови вести од: Македонија

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

To top