Македонија

,,Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Годишнина од винаријата

Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со врвен квалитет, кои во изминатите две децении надминаа 45 милиони евра.

Развојната стратегија на „Тиквеш“ во овој период беше насочена кон зголемување на квалитетот на виното и инвестициите во нова опрема, дигитализација на производствените процеси, како и во професионалниот развој на вработените и ангажман на врвни домашни и странски експерти. Истовремено, винарницата воведе нов пристап и современи практики во лозјата и воспостави партнерски односи со лозарите. Овие процеси овозможија во изминатите две децении, винарската визба „Тиквеш“ да доживее целосна трансформација и модернизација.

Паралелно се одвиваше и премиумизација на винското портфолио, преку создавање вина со современ стил и автентичност кои освојуваат рекорден број награди и највисоки оценки за квалитет од најпознати светски вински познавачи и авторитети од рангот на Роберт Паркер.  Со отворањето на бутик-винарницата „Domaine Lepovo“, која го трасираше патот на производството на премиум вина од специфични микро-локации, како и стратешката аквизиција на француската винарница „Château de Gourdon“, „Тиквеш“го потврди интернационалниот карактер на брендот и дополнително ја зголеми неговата препознатливост и кредибилитет во глобални рамки.

Ваквите инвестиции и стратешки одлуки, реализирани во изминатите две децении, му овозможија на „Тиквеш“ да ја заземе лидерска позиција во винската индустрија во регионот и да прерасне во еден од најсовремените и најиновативни глобални вински брендови. Денес „Тиквеш“ е препознаен бренд на пет континенти, со повеќе од половина од приходите кои се генерираат од извоз, кој во 2024 година достигна 32,7 милиони евра, како и со континуиран раст на продажбата на домашниот и на најпребирливите светски пазари.

„Она што го прави ‘Тиквеш’ уникатен е спојот на 140-годишната традиција со најсовремените светски трендови во енологијата и лозарството. Повеќе од еден век растеме заедно со нашите лозја, нашите луѓе, нашите партнери и потрошувачите, градејќи наследство втемелено во страст, посветеност и доверба“, велат од ВВ „Тиквеш“.

„Нашата визија за иднината е преку вложувања во обновливи извори на енергија и технологии за намалување на јаглеродниот отпечаток, воведување практики и дигитални решенија за прецизно лозарство, органско производство и заштитени географски ознаки, да бидеме двигател на промените, зелената трансформација и одржливиот развој на винската индустрија во Македонија и регионот. Под слоганот ,Бескрајно твој’, продолжуваме да бидеме бескрајно посветени на нашите партнери и сите оние што уживаат во вината на „Тиквеш“ и во сите убавини на винската приказна што ја градат токму луѓето“.

Во чест на јубилејот, компанијата организираше гроздобер за претставниците на медиумите, во органски сертифицираните лозови насади на поседот Лепово. Тие имаа можност лично да учествуваат во бербата на каберне совињон, да се запознаат со современите агро-технички практики и да дегустираат вина од ексклузивната серија „Domaine Lepovo“, создадена со специфични енолошки методи кои придонесуваат за нивниот препознатлив карактер и врвен квалитет.

Со овој настан, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата врска со лозјето – изворот на секое добро вино – и ја спои традицијата со современите трендови, преточувајќи ја македонската винска историја во глобално препознатлива приказна насочена кон иднината.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top