Македонија

Храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје ќе биде осветен на 28 септември

Осветувањето ќе го изврши поглаварот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со архијереи на МПЦ-ОА

Тринаесет години по почетокот на изградбата, храмот „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ во Скопје конечно ќе блесне во полн сјај на 28 септември, кога ќе биде осветен.

Светата литургија, која ќе почне во 8:30 часот, ќе ја изврши архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан., во сослужение со архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања, кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970-тите храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Возобновувањето требаше да се направи на оригиналната локација на плоштадот „Македонија“, но по реакцијата и протестите од муслиманите и од разни „архибригади“, „гушкачи на ГТЦ“, атеисти итн., храмот е „преместен“ спроти Домот на Армијата на Република Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

„Курир“: Уништени се бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

Мицкоски: Со два посебни закона до поевтини домови за младите брачни двојки!

Најверојатно ќе одиме со два специјални закони во Парламентот кои што веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Првиот закон, во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена од 20 % пониска од онаа просечната, пазарската, во таа катастарска општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

To top