Македонија

Мицкоски: Видовте како дрско се подметнува пожар…

…тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време,рече премиерот

По пожжарот кој ноќеска избувна во сервис за возила во скопската населба Пинтија и за кој постои снимка на подметнивачот на пожарот реагираше премиерот Христијан Мицкоски:

„Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија“, рече Мицкоски кој додаде дека континуирано бил на телефонска линија со градоначалникот на Општина Кисела Вода, со министерот и со луѓето од ППЕ.

„Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека за жал постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека досега се идентификувани 20-тина лица за кои постои основано сомнени дека стојат зад подметнати пожари.

Во сервисот во Пинтија имало повеќе автомобили ккои се целосно пеплосани, а гореле и масло и други запаливи материјали, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Квалификациониот меч Македонија : Швајцарија ќе го гледаме на српски јазик ако се прашува Филипче

Ако се прифати ставот на Филипче кој сам си ја урива тезата за ,,српски свет” натпреварот од фудбалскиот меч Македонија – Швајцарија и сите други спортски мечеви ќе ги гледаме на српски јазик

To top