Македонија

Скопје пред колапс: „Пуцко петрол“ го блокира превозот, граѓаните во неизвесност

Компанијата „Пуцко Петрол“, главен снабдувач со горива за автобусите на ЈСП „Скопје“, од денеска ја прекина испораката на нафта, оставајќи ја во неизвесност достапноста на градскиот превоз за граѓаните во наредните денови. 

Компанијата „Пуцко Петрол“, главен снабдувач со горива за автобусите на ЈСП „Скопје“, од денеска ја прекина испораката на нафта, оставајќи ја во неизвесност достапноста на градскиот превоз за граѓаните во наредните денови.

Град Скопје во соопштението тврди дека Јахоски, и покрај активниот договор со ЈСП, се приклучил на „обидите за креирање хаос во Скопје“ под влијание на опозицијата.

Под силен политички притисок, уценетиот Асмир Јахоски од ‚Пуцко Петрол‘ се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, соочен со обвиненија за затворска казна и подложен на уцени, ја прекина доставата“, велат од градските власти.

Тие потсетуваат дека слична ситуација се случи пред новогодишните празници, кога граѓаните биле оставени да чекаат на студ или жега.

Град Скопје најави покренување постапка против Јахоски и „Пуцко Петрол“ за материјална и кривична одговорност поради кршење на договорот. „ЈСП, кое обезбедува јавна услуга од интерес за граѓаните, нема да дозволи криминогените постапки на уценети бизнисмени да ги трпат граѓаните“, се вели во соопштението. Сепак, нема гаранција дека автобусите ќе сообраќаат непречено.

Асмир Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, каде се споменуваат сомнителни трансакции. За да избегне притвор, тој дал гаранција од 986.000 евра во имот и 1,17 милиони евра во готовина, со мерки на претпазливост: одземена патна исправа и редовно јавување во суд. Град Скопје смета дека овие околности го прават подложен на политички притисоци, што резултирало со прекинот на испораката.

„Пуцко Петрол“ има историја на тендери со ЈСП – во 2025 година доби договор за дизел гориво од 26,9 милиони евра, а во март 2025 беше ослободен од притвор во слична истрага. Во ноември 2024, сличен прекин предизвика колапс во превозот кога Бирото за јавни набавки го поништи тендерот, оставајќи ги автобусите без гориво.

Граѓаните на социјалните мрежи веќе изразуваат загриженост и бараат итно решение за да се избегне повторување на минатогодишниот хаос. Доколку превозот се прекине, алтернативи како такси или приватни автобуси може да предизвикаат сообраќајни и финансиски проблеми. Засега, нема официјална реакција од ВМРО-ДПМНЕ, но се разгледува можност за итна набавка од други добавувачи или користење државни резерви, како во 2024 година.

Најнови вести од: Македонија

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

Филипче: Се гледа дека нашите политики не се лицемерни, туку се конзистентни

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро го критикуваше актуелниот пристап на владата на ВМРО-ДПМНЕ кон минималната плата и животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ постоел континуиран и системски раст на платите, додека сегашната влада го прекинала тој процес и го замрзнала растот на 400 евра.

Мицкоски: „Безбеден град“ не е за пари, туку за спасување животи – толеранција од 15 % над дозволената брзина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот за видео надзор и казнување „Безбеден град“ поминал без евидентирани поплаки од граѓаните.

Професори и правници: Изедначувањето на цигарите и алтернативните производи во нацрт-законот е чекор назад

Македонија, како традиционална земја на производство на тутун, треба да ги следи добрите глобални практики и да креира политики што ќе ја стимулираат диференцијацијата на производите врз основа на научни докази, а не да ги третира сите исто.

To top