Македонија

Инспекторатот за јазици ќе стане дел од Министерство за правда

Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека е постигнато решение за исплата на неисплатените пет месечни плати за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците. За време на средбата со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Инспекторатот, Арсим Идризи, беше разгледана финансиската состојба на вработените и можностите за решавање на ситуацијата. Премиерот најави дека Инспекторатот ќе биде […]

Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека е постигнато решение за исплата на неисплатените пет месечни плати за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците.

За време на средбата со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Инспекторатот, Арсим Идризи, беше разгледана финансиската состојба на вработените и можностите за решавање на ситуацијата.

Премиерот најави дека Инспекторатот ќе биде префрлен во надлежност на Министерството за правда, со цел институционална функционалност и реализација на плаќањата.

Законските измени, кои се очекува да бидат одобрени во Собранието, ќе овозможат исплата на неисплатени плати. Мицкоски ја истакна важноста на меѓупартиската соработка во избегнувањето на блокади и обиди за политичка злоупотреба.

На крајот од средбата, премиерот најави формирање на работна група за конечно реорганизација на Инспекторатот и дефинирање на неговите надлежности.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top