Свет

Кристијан Аманпур го напушта Си-Ен-ен

Во текот на нејзината богата новинарска кариера, Кристијан Аманпур известуваше од речиси сите големи меѓународни конфликти и глобални кризи во последните четири децении

Кристијан Аманпур едно од најпрепознатливите ликови на Си-Ен-Ен во понеделникот рече дека ја напушта работата по 43 години работа во мрежата.

„Откако внимателно размислував неколку месеци и доживеав неколку непроспиени ноќи, како што можете да си замислите, решив да се разделам од Си-Ен-Ен“, изјави Аманпур (68).

Таа додаде дека нејзината емисија на Си-Ен-Ен и PBS ќе заврши на крајот на оваа година.

„Но, Си-Ен-Ен и јас направивме непречена транзиција каде што продолжуваме да го правиме тоа еднаш неделно до јуни“, следната година рече таа во видео пораката објавена на социјалните мрежи.

Аманпур, која стана позната по нејзиното известување на терен од големите воени зони, не ја наведе причината за нејзиното заминување.

Нејзиниот потег да поднесе оставка доаѓа неколку недели откако матичната компанија на Си-Ен-Ен , Warner Bros. Discovery (WBD), беше формално преземена од Paramount Skydance.

По едногодишен процес, Paramount го затвори своето спојување со WBD на 6 октомври, обединувајќи два гиганти во ТВ вестите – Си-Би-Ес и Си-Ен-Ен под еден покрив.

Во текот на нејзината богата новинарска кариера, Кристијан Аманпур известуваше од речиси сите големи меѓународни конфликти и глобални кризи во последните четири децении.

Меѓу историските настани кои таа ги опфати се падот на Берлинскиот ѕид, војната во Босна и Херцеговина, Заливската војна, војните на САД во Ирак и Авганистан по терористичките напади од 11 септември, Арапската пролет и војната на Израел во Газа.

За време на нејзината кариера, Аманпур разговараше со бројни светски лидери, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот британски премиер Тони Блер, поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, како и иранските претседатели Махмуд Ахмадинеџад и Хасан Рохани.

 

Најнови вести од: Свет

To top