Македонија

Ибрахими до Ахмети и ДУИ: Вие сте алчни, со болни амбиции за моќ и пари, ги уништувате стремежите на албанскиот народ за еднаквост и правда!

Орхан Ибрахими, поранешниот пратеник од редовите на ДПА во Собранието на Македонија, сега основач и еден од тројцата членови на Управниот совет на политичкото движење „Арберија“, кое ѝ се приклучи неодамна на коалицијата Вреди, во својот жесток напад кон ДУИ вели дека таа и не е партија, туку „параполитички субјект“, кој “парадира од 2002 година и сега во секој изборен циклус со чудни коалиции и со анахрони агенди“!

„Уште од своето основање ДУИ, која е параполитички субјект, во своите високи кадровски структури вклучуваше личности со антинационално и античовечко минато, кадри кои тешко му наштетија на националното ткиво на албанскиот народ.“ – со ова жестоко обвинување кон Али Ахмети и неговите сопартијци се огласи Орхан Ибрахими во својата колумна со наслов „ДУИ и нејзината политичка неморалност“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“. 

Натаму, покрај другото, Ибрахими во колумната наведува „Од 2002 година во секој изборен циклус ДУИ парадираше со чудни коалиции, со анахрони агенди, напаѓајќи и негувајќи неморал, предавство, кражба, братоубиство и нелојалност на политичката сцена внатре во албанскиот политички корпус.“

„Не мачете се да ни кажувате кои сте, ние ве познаваме подобро од кој било друг. Вие сте уништувачи на сè што е свето. Вие сте алчни, со болни амбиции за моќ и пари. И, пред сè, вие сте уништувачи на стремежите на албанскиот народ за слобода, еднаквост, правда, демократија и благосостојба!“

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top