Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни па и ДУИ да ги освои Чаир, Тетово…

Слушнал дека од ДУИ ќе се обидат да издејствуваат парламентарни избори иако нема околности тие да се случат

Не постојат околности во државава за да се случат предвремени парламентарни избори, дури и доколку Демократската унија за интеграции победи во клучните општини.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер вели дека слушнал за плановите на ДУИ да се обидат да издејствуваат парламентарни избори иако, како што рече, нема околности тие да се случат.

Едната варијанта е дека ќе изгубат во градоначалничката трка во Чаир, Тетово и во други општини и во таков случај би излегле на протести со членството обвинувајќи дека изборите им биле украдени и ќе прават немири со кои би издејствувале предвремени избори.

И втората е дека ДУИ ќе победи на советничките листи, што би била уште една причина да се оди на избори.

„И ние во 2021 година имавме и на советнички листи и на градоначалнички листи двојно, тројно повеќе од СДСМ, па три години бевме опозиција“,рече Христијан Мицкоски во синоќешното интервју за „360 степени“.

На прашање дека тогаш зборувале дека власта го изгубила легитимитетот и дека треба да се оди на предвремени избори Мицкоски одговори:

„Ама и тие нека си зборуваат. Никој не вика да не си зборуваат. Никој не ги спречува, демократска држава сме, секој може да си кажува свое мислење. Ние чекавме да дојдат избори. Не велевме ние дека ни ја украдоа победата. Тогаш си играа фудбалчиња, си купуваа трговски центри, си купуваа дуќанчиња, си купуваа акции во банки, па потоа ги препродаваа и така натаму“, рече Мицкоски.

На прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ зборува за потребата од реформа и за криминал кај ДУИ, а не и за, на пример, проблематичните легализации на десетици згради во Општина Чаир направени во времето кога градоначалници беа Изет Меџити и Висар Ганиу, Мицкоски одговори дека тоа се случувало во времето кога ДУИ имала мнозинство во советот и кога ДУИ била коалициски партнер.

Рече дека не одрекува оти Изет Меџити одреден период бил градоначалник, но дека во земјава постојат институции што треба да го истражат тоа и дека предметот се наоѓа во Обвинителството.

„ Не сум рекол дека не ги гледам, да речеме, одредени отстапувања и девијантни однесувања во минатото и ги апстрахирам. Напротив, јас само сакам да потенцирам тоа што е факт. Што се случуваше на централно ниво и како се случуваше. Инаку, си има таму обвинители, судии, нека си истражат, ако утврдат одговорност, веднаш да си постапат. За сите, за секој. Ако има одговорност или основен сомнеж дека сум сторил нешто, веднаш, уште утре да постапат и за мене“, рече Мицкоски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Декларација на ЕФА до Комитетот на министри на Советот на Европа за правата на Македонците во Бугарија и надѕорот врз неа за нивното кршење

„Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) нагласува дека секое затворање, или намалување на меѓународниот надзор врз Бугарија во врска со нејзините постојани кршења на правата на Македонците во Бугарија, во оваа фаза би било прерано и спротивно на обврските, што произлегуваат од член 46 од Конвенцијата. Со тоа се поткопуваат авторитетот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и доверливоста на системот за заштита на човековите права на Советот на Европа.“ – порача европската партија Европската слободна алијанса – ЕФА во „Декларацијатата на Работната група за јазични и малцински права на ЕФА околу македонското малцинство во Бугарија“, донесена вчера на 20 ноември 2025 година во врска со претстојниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој треба да се одржи на 2 декември 2025 година.

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Премиерот Мицкоски денес ќе учествува на Самитот на лидери во Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес, на 21 ноември 2025 година, ќе присуствува на Самитот на лидери, кој кој ќе се одржи во Тирана, во Република Албанија, под мотото „Нашиот план до ЕУ“.

Мехмети: На ДУИ ѝ тргна наопаку и без длабоки реформи таа ќе замине во политичката историја!

„Алармот на ДУИ е вклучен. Овој конгрес може да биде последната шанса да се врати изгубената доверба. Ако има размислување, самокритика и храброст за длабоки реформи, може да се роди нова ДУИ, поодговорна и поблиска до граѓанинот. Но, ако сè остане на ниво на зборови и расудување, тогаш патот е јасен: партијата што некогаш ги водеше Албанците, се изложува на опасност да замине во политичката историја.“ – нагласува новинарот Емад Мехмети од Скопје во својата колумна со наслов „Решавачки конгрес на ДУИ: дали ќе донесе ново, или ќе се изложат на опасност да заминат во историјата?!“.

Мицкоски во Тирана на отварање на клубот „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Мицкоски ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, а таа можност ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија

Најнови вести

To top