Македонија

Парламентарното собрание на Советот на Европа расправаше дали да го запре мониторингот врз Бугарија

Резолуцијата донесена, проблемите за малцинствата во Бугарија остануваат

Правата на Македонците во Бугарија беа една од темите на заседанието на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, кое се одвива денеска во Стразбур.

Правата на македонско малцинство во Бугарија е меѓу точките за кои се зборува во рамки на точката за затварање на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.

Одбивањето на Бугарија да ги регистрира македонските партии и организации се меѓу аргументите зошто Бугарија по 25 години од воспоставувањето на мониторинг механизмот се уште не заслужува да биде без мониторинг.

Во дебатата на Парламентарното Собрание пратеничката од македонското Собрание Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Бугарија се уште не ги почитува сите принципи на Советот на Европа особено во делот на малцинските права.

Иако ко-репортерот на Собранието посочи дека Бугарија се уште се соочува со низа проблеми со мнозинство гласови од присутните беше изгласан крај на пост мониторингот врз Бугарија со обврска на Софија да работи со своите соседи институции на на надминување на проблемите кои се уште постојат.

Собранието ги собира пратениците од 46-те земји-членки на Советот на Европа и ја одржува својата есенска пленарна сесија во Стразбур која се одржува од 29 септември до 3 октомври 2025 година.

Во расправата впечатлив настап имаше пратеничката Марија Петрушевска кој го цитираше македонскиот великан – на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top