Свет

Нападот врз синагогата во Манчестер е тероризам (ВИДЕО)

Напаѓачот прво влетал со автомобил, а потоа ги нападнал верниците со нож додека се собирале во синагогата за Јом Кипур, најголемиот еврејски празник. Двете убиени лица биле Евреи.

 

Британската полиција го опиша денешниот напад врз верниците пред синагогата во Манчестер, во кој беа убиени две лица, а четворица беа тешко повредени, како терористички напад.

Напаѓачот прво влетал со автомобил, а потоа ги нападнал верниците со нож додека се собирале во синагогата за Јом Кипур, најголемиот еврејски празник. Двете убиени лица биле Евреи.

Локалната полиција соопшти дека нивните полицајци го застрелале напаѓачот, но дека им е потребно повеќе време за да ја потврдат неговата смрт бидејќи се сомневале дека елекот што го носел содржи експлозиви.

Лондонската метрополитенска полиција, која води антитерористички операции, го прогласи нападот за терористички напад. Во неа се наведува дека полицијата верува дека го знае идентитетот на убиениот напаѓач и дека уапсила двајца осомничени, без да даде детали.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од нападот и дека владата ќе ја зголеми безбедноста во синагогите.

Британскиот крал Чарлс III изјави дека е „длабоко шокиран“ од нападот.

Антисемитските инциденти во Велика Британија достигнаа рекордни нивоа од нападот на палестинските екстремисти врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователната израелска воена офанзива во Појасот Газа.

Во првата половина од оваа година се пријавени повеќе од 1.500 вакви инциденти.N1.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top