Првата дама на САД, Меланија Трамп, изрази надеж дека до католичкиот Божиќ ќе се постигне нов договор за локален прекин на огнот меѓу Русија и Украина, пренесе „Фокс њуз“.
„Мир во целиот свет, се разбира. Но, пред сè, би сакала да видам повеќе договори за прекин на огнот“, одговори таа откако новинарите ја прашаа каков божиќен подарок би сакала да добие.
Сопругата на американскиот претседател напомена дека претходно, оваа есен, помогнала во реализацијата на слична иницијатива во украинскиот град Олешки.