Свет

Светот може да живее без иранска нафта

Министерот вети дека денеска ќе објави податоци што го потврдуваат тоа

 

Во моментов, Иран не е во можност да продава нафта, но тоа нема да им наштети на земјите што го увезуваат овој енергенс, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесент.

„За првпат откако Иран почна да произведува нафта, на море нема танкери што превезуваат иранска нафта. Никој не е во можност да ја купи“, рече тој за С-Ен-Би-Си.

Понатаму, според него, „видовме дека светот може да живее без иранска нафта“. Министерот вети дека денеска ќе објави податоци што го потврдуваат тоа.

Бесент потврди дека претходно оваа недела, за време на разговорите во Шенжен, Русија, САД и Кина потврдиле оти Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје.

„Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. Сите три земји се согласуваат за ова“, изјави министерот.

Скот Бесент истакна дека САД ќе продолжат да вршат економски притисок врз Иран сè додека земјата не се согласи на услови – прифатливи за Вашингтон – за ставање крај на конфликтот.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Путин по грешка испрати „неколку мали ракети“ во Полска

Трамп изјави дека „не може ништо да стори“ во врска со фактот што полскиот премиер Доналд Туск неодамна јавно изрази револт поради пријателскиот однос на американскиот претседател кон рускиот претседател

Јапонската премиерка со вештачки зглоб се соочи со скала од 40 сантиметри кога слета во Кина на самитот на АПЕК

Јапонската премиерка Санaе Такаичи која има проблеми со нозете се соочи со необично ниски скали при слегување од авионот во Кина, според корејски медиуми

To top