Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на неговата социјална мрежа „Truth Social“, објави фотографија на која се гледа како е пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата во Шенген како и од средбата со рускиот претседател Владимир Путин, со големи наслови „пријатели и „Мојот пријател“.
Објавата на Трамп доаѓа во време на остри реакции на неговото однесување во Кина, каде што пред камерите ги истакна своите „одлични односи“ и со рускиот и со кинескиот лидер.
Споделувајќи ја фотографијата со овој натпис, американскиот претседател уште еднаш го потврди својот став, и покрај критиките од Киев и од дел од меѓународната заедница.
Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — е пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“.
Би-Би-Си (BBC) забележува дека Трамп (или лицето кое управува со неговите профили на социјалните мрежи) малку ги измешал годините и конференциите. Фотографијата за која станува збор, на која се Сталин, Рузвелт и Черчил, е направена за време на нивната прва средба — на Техеранската конференција кон крајот на 1943 година — а не во 1945 година во Јалта, што веројатно е она што Трамп го имал предвид.
