Македонија

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди

По 13 години ги преведе меѓународните сметководствени стандарди

На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference), организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација.

Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати од 70 држави од Европа, Азија, Африка, САД и Австралија. Учеството на делегацијата на ИСОС беше поздравено како посебно достигнување, со оглед на тоа што по 13 години, ги преведе меѓународните сметководствени стандарди (МСФИ) и тие можат да се имплементираат, што претставува чекор кој значително ја позиционира сметководствената професија во меѓународни рамки и ја зајакнува транспарентноста и довербата во финансиското известување во нашата земја. Конференцијата беше фокусирана на имплементација на стандардите и размена на искуства, како и на најновите глобални трендови и промени во МСФИ.

„Присуството на оваа конференција не е само чест, туку и потврда дека ИСОС и државата направија важен чекор кон приклучување кон глобалната заедница на сметководствени професионалци. Учеството на иста маса со највлијателните креатори на стандарди е признание за нашата работа, но и обврска да продолжиме да го унапредуваме квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Веруваме дека ова е темел врз кој ќе градиме посилна професија и поконкурентна економија“, истакна Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

Претставниците на ИСОС остварија средба и со менаџментот на Фондацијата IFRS на која се дискутираа можности за понатамошна соработка во делот на едукација и следење на новините. Со преводот на новите МСФИ, компаниите во земјава повеќе немаат обврска за двојно известување, што резултира со пониски трошоци и ефикасно управување. Улогата на МСФИ стандардите беше нагласена како мисија од јавен интерес и предуслов за долгорочна финансиска одржливост, бидејќи носат поголема јасност и споредливост во извештаите и овозможуваат предвидливост во деловното планирање. ИСОС ќе ја продолжи соработката со Фондацијата во насока на едукација и поддршка за сметководителите, во согласност со најновите меѓународни трендови.

Инаку, Фондацијата IFRS Лондон е независна, непрофитна организација која ги поставува меѓународните сметководствени стандарди на глобално ниво. Основана е во 1973 година од Австралија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Мексико, Холандија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top