Македонија

Македонците од Бугарија и се заблагодарија на пратеничката која во Стразбур ја објасни ситуацијата со кршењето на човековите права

Сублимирано претставување на репресирана позиција на Македонците во бугарското општество

Македонците од Бугарија, членови на нерегистрираната партија ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН упатија јавна благодарност на пратеничката Марија Петрушевска која во Стразбур ја објасни ситуацијата со кршењето на човековите права на нашинците во оваа земја.

Петрушевска во своето обраќање пред одлуката за запирање на пост мониторингот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа одржа краток но ефектен говор во кој посочи кои аномалии постојат во Бугарија на темата човекови права и владеење на правото.

,,Благодарност до Марија Петрушевска / Marija Petrusevska, која сублимирано ја претстави нашата репресирана позиција во бугарското општество.

Што јасно ги предочи, повеќето пресуди и ратификувани договори, кои Бугарија не ги почитува, а истовремено ги крши основните човекови права и после толку години од пресудите од https://x.com/ECHR_CEDH (European Court of Human Rights), препораките од Council of Europe итн.

А, од друга страна 🇧🇬 Бугарија, измислува непостоечки проблеми, со единствена цел да го блокира евроинтергративниот процес на Република Македонија”, објави партијата ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН која ги прозва европските партии и македонскиот државен врв во својот пост.

Партијата во објавата ги користи таговите Ние постоиме, Македонско малцинство, Ние сме Македонци…

#WeExist
#wearemacedonians
#wewanthumanRights for the #macedonianminority in #bulgaria

Петрушевска во говорот на ефектен начин ги цитираше зборовите од Пиреј на легендарниот писател Петре М. Андреевски

Повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top