Македонија

Мицкоски: Нашата борба не е само за избори, туку и за душата на Македонија, за држава, што ќе нè спои, а не да нè дели

„Моментот, што го чекале генерации, е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина, во која никој нема да биде поважен од другиот и во која секој ќе има еднаква можност да успее.“ – порача од синоќешниот митинг во Тетово претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На синоќешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ партискиот лидер Христијан Мицкоски му обрати на Али Ахмети од ДУИ и му порача дека нивните политики ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици¸-Албанци. Мицкоски рече дека нема да му одговара на Али Ахмети со неговата реторика.

„Иако тој го сака тоа, моли да му одговорам на неговиот националромантичарски говор, јас нема да му кажувам на народот басни, туку реалност. Ќе прочитам факти за неговото 20-годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023 година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023 година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново -14 отсто, Липково – 40 отсто, Теарце – 37 отсто, Тетово – 18 отсто, Боговиње – 37 отсто, Желино -28 отсто, Врапчиште – 32 отсто, Гостивар – 35 отсто, Кичево – 36 отсто, Струга – 32 отсто. Ова е суровата реалност, што ја донесоа Али и неговото учество повеќе од две децении во Владата.“ – посочи Христијан Мицкоски.

Тој се осврна и на правдата, за која рече дека треба да биде право на секој граѓанин, а не привилегија на малкумина. Според Мицкоски, на Македонија ѝ треба ресет на системот.

„Моментот, што го чекале генерации, е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо, со судии, кои судат според закон, а не според влијание,  со институции кои штитат, а не што молчат, со процедури кои враќаат доверба, а не создаваат сомнеж.“ – рече Мицкоски.

Пред присутните се обрати и Бранислав Светозаревиќ носител на листата со кандидати за советници за Општина Тетово. Тој рече дека идниот состав на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Тетово, поддржана од Владата, е насочен кон решавање на најгорливите прашања на општината.

„Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се насочиме кон многу почиста средина, од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк.“ – рече Светозаревиќ.

Тој потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

-За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат  ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив, дециден е Светозаревиќ.

 Пред митингот во Тетово ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа средби со граѓани и митинзи во Маврово – Ростуше и Гостивар.

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

Николоски: Патарини без рампи, плаќање според изминати километри, ќе почне првин на автопатот Кичево-Охрид

Возачите во иднина би можеле да плаќаат патарина според реално изминатата километража, наместо фиксна сума на наплатните станици. Новиот модел предвидува електронска наплата без физичко запирање на возилата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се подготвува закон за воведување на системот, при што ќе биде користена и експертска помош од Европската транспортна заедница. Според […]

Јаневска за бесмислиците на ДУИ за ученичките стипендии: Не ги доделуваме според етникум, туку според исполнети критериуми!

Министерството за образование и наука ги добива пријавите за ученички стипендии под шифра, а кој ќе добие стипендија зависи од тоа дали ги исполнува условите на конкурсот, вели министерката Весна Јаневска. Таа во синоќешното интервју за „360 степени“ на МРТ 1 беше прашана за реакцијата на ДУИ дека од 817 ученички стипендии за тековната учебна година, само 80 им припаднале на ученици Албанци.

Минчев од Охрид: Граѓаните не смеат да бидат заложници на неефикасни институции, градиме администрација, што решава проблеми, а не создава нови!

Граѓаните не смеат да губат време по институциите поради неефикасноста на администрацијата, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој најави дека реформите треба да донесат поквалитетни услуги, поголема професионалност и одговорност од административните службеници.

Лекари бараат заштита од насилни пециентии нивни „роднини“

Потребни се конкретни законски механизми за заштита на здравствените работници, јасно дефинирани обврски за здравствените установи и соодветни услови за безбедно извршување на здравствената дејност

Најнови вести

To top