Македонија

Дали е ова најлошата реклама по која македонска компанија загуби многу муштерии место да добие нови (ВИДЕО)

Не се знае што е полошо, рекламава или ништо гирото 🤮, коментира еден муштерија

Дали е ова најлошата реклама по која македонска компанија загуби многу муштерии место да добие нови е прашањето кое има логика ако се видат коментарите на рекламата за гиро од познатиот бренд за храна на нивна објава на социјалните мрежи.

Ако компанијата се води од премијата дека и ,,Лошата реклама е добра реклама” тогаш успеале во својата маркетинг стратегија.

Ако пак се свесни дека ова е лоша кампања истата треба веднаш да да ја тргнат.

Во видеото се гледа млада инфлуенсерка која стана позната по својата изјава дека гардеробата и ташните што ги носи чинат десетици илјади евра а во рекламата јаде гиро и производи на Гиро Хаус како што ,,не треба”.

Што сакале да постигнат креаторите на видеото реклама не знаеме но од коментарите меѓу кои нема ниту еден позитивен гледаме што навистина добиле како резултат.

Дел од коментарите:

Се ви е погрешно во рекламава, од комуникациски, идеен, музички, до естетски израз. Ова е пример како не треба да се работи маркетинг. И не, не е секој ПР добар ПР.

Во моментов пред Гиро Хаус има бар две деца на семафорот од кои едно е девојче кое проси за парче храна, сте можеле другачие да ја доловите поентата, не вака со рачиштава сељачки, неумесно, ама ич женствено и ич заводливо да драпа месо. 😉
Ко да фатила прљави влажни марамици .
Вие си знаете големи сте

Ние ја гледаме најлошата реклама досега направена во Македонија.

После рекламава барем знам веќе каде нема да јадам гиро

Ужас ! 🤮🤮🤮🤮 Имајте почит кон храната !!!!

Па нека направи убава реклама со зборење со се, а не да гмечи таму да си поигрува со храната.Некој ни тоа го нема да го јаде.

Елена девојчето е симпатично, но рекламава е тотално не почитување према храната. Но вие си знаете

Си огладнела ептен 😂 ццццц страшно
Пример за идните генерации
А за постарите блуд …..
Жална Македонија жално Скопјенце никад нема да бидеш ист како пред 40 год наназад …..

“”Само глупавоста и небото немаат лимит”

Бришете “рекламата” додека е време 🫣

Имајте почит кон храната, некој нема што да јаде!

Не се знае што е полошо, рекламава или ништо гирото 🤮

Храната е благодарност а не евтин маркетинг за кликови и перверзност. Земете пример од Surthany Hejeij како треба

Видеото и сите коментари на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Муцунски за Ива Михаилова: Владата не се меша во судењето, бугарски лекари ќе можат да ѝ ја проценат здравствената состојба

Македонија е подготвена да овозможи посета на бугарски медицински специјалисти кои би се запознале со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михаилова, потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој посочи дека случајот има два одделни аспекти – судскиот процес и здравствената состојба на Михајлова.

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

To top