Македонија

Празни ровови: Дефицитот на војници ја урива украинската одбрана

Три и пол години по руската инвазија, украинската војска се соочува со длабок недостиг на персонал,

Три и пол години по руската инвазија, украинската војска се соочува со длабок недостиг на персонал, кој се протега од пешадијата до специјализираните улоги како механичари, возачи, медицински лица, оператори на дронови и артилериски специјалисти. „Украинска правда“ во детален извештај предупредува дека волонтерскиот бум од зимата и пролетта 2022 година е давно минато, а пред воените бироа повеќе нема редици. Мобилизацијата, која некогаш беше привремена пречка, сега стана хронична слабост што ја поткопува целата одбранбена структура на земјата. Владин портал Reserve+ открива илјадници отворени воени позиции, а во рововите, каде што војната е најсурова, недостатокот на пешадија го прави невозможним одржувањето на линијата, ротациите и одморот на исцрпените борци.

Командантите се принудени да селектираат кои сектори да ги заштитат, оставајќи „празнини“ на фронтот, особено околу Новопавливка и во правците кон Покровск. Русите ги експлоатираат овие пропусти со тактики на инфилтрација: мали групи се провлекуваат низ разредените позиции без отворен судир. „На одредени делови, растојанието меѓу бункерите достигнува километар – идеално за пенетрација“, алармира весникот. Еден заробен руски војник потврдил дека во јули напредувал кон Покровск „без и најмала отпор“, бидејќи на тој пат „просто немало Украинци“. Офицер од тој сектор признава: „Празнини имаме насекаде. Некои позиции се само формалност, пополнети со ментално сломени борци кои се водат како активни единици“. Ова доведе до фрагментација на фронтот: нема повеќе континуирана линија, туку острови на отпор, со испреплетени сили во места како Костјантинивка и Јампол, каде борбите се водат во урбаните средини.

Дефицитот ги тера дури и нефронталните единици – дрон-операторите и минофрларските екипи, кои обично се на 3-5 километри од линијата – да седат во рововите. Во екстремни случаи, руските трупи стигнуваат до артилериските позиции, 10 километри во длабочина: „Се случи да допрат до нашите топови. Тоа беше грешка, но немаме луѓе да ги чуваме сите правци“, признава командант. Зимската реформа за реорганизација во корпуси ветуваше подобра координација, но таа останува на хартија: „Корпусите се формирани на документ, но празни од персонал“, велат офицерите. Територијалните групи сè уште доминираат, а штабовите функционираат со минимален тим.

Олександр Сирски сè почесто интервенира лично, одлучувајќи за преместувања на единици, именувања и распределба на резерви – што многумина го нарекуваат „микроменаџмент“. Од јуни, тој посетил секторот Добропил над осум пати, заобиколувајќи го командниот ланец. Сирски формира и „Нападни сили“ – елитна гранка директно под него, која ги обединува бригади како 3-та, 5-та и 92-ра. „Логична идеја, но доцна“, вели поранешен командант, додека други го гледаат како „армија во армија“, со резерви само за Сирски. Неодамна, тој ја распушти координирачката група „Днепар“, преместувајќи го шефот Михајло Драпати во помала зона, што некои го толкуваат како „чистење на ривалите“.

Во фаза доминирана од дронови, Украина води во иновациите, но Русија во масовното производство. „Ние имаме идеи, тие – бројки што не гуши“, вели инженер од 53. бригада. Руските „Шахед“ дронови и камикази таргетираат логистиката во маса, исцрпувајќи ја воздушната одбрана и енергијата. Од пролетта, украинските бази се повлечени 40-50 километри внатре, комплицирајќи го снабдувањето: „Порано – неколку часа и 40 литри гориво; сега – ден и 300“, жали командант за логистика. Ова го намалува ризикот од загуби, бидејќи руските дронови делуваат до 15 километри зад линијата.

Како што сумира „Украинска правда“, Украина е во фаза каде луѓето, а не технологијата, се клучот. Русија напредува бавно, но систематски експлоатирајќи пукнатини – од слаби линии до заморени борци. „Без војници нема ротација, без ротација нема одмор, а без одмор – нема победа“, заклучува анализата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Се одложи јавната седница во Апелација за убиствата на Вања и Панче

Боре Видевски, еден од осудените за двојното убиство – на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски не е во животозагрозувачка состојба. Втор ден како е сместен на Клиниката за нефрологија, поради проблемите кои ги има со бубрезите. Неговата хоспитализација ја одложи седницата пред апелационите судии за 11 мај. Неговиот адвокат бара тој да биде […]

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Најнови вести

To top