Македонија

ИРЛ или свиркачот – кој сокри дел од пораките помеѓу газдите на кочанското кабаре и инспектори?

Порталот Пулс Инфо за утре ги најавува во целост сите преписки

Сите пораки помеѓу синот на газдата на кочанското кабаре „Пулс” и инспекторот од УЈП ИРЛ не ги објавиле во целост. Така тврди новинарот Бранко Героски кој најави целосно објавување на преписките за утре во 12 часот.

Неговиот ФБ статус ви го пренесуваме во целост:

САБОТА, 11 ОКТОМВРИ, ТОЧНО ВО 12.00

Плусинфо објавува:

ДЕЛОВИ ОД ТЕЛЕФОНСКАТА КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СИНОТ НА ГАЗДАТА НА ДИСКОТЕКАТА “ПУЛС”, МИХАИЛ ЈОВАНОВ, ИНСПЕКТОРОТ НА УЈП ДРАГАН ПАУНОВ – ДАЦО И ДРУГИ ЛИЦА, ТРАНСКРИПТИ КОИ БЕА СКРИЕНИ ПРИ ЈАВНОТО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ ВО ВИДЕО СТОРИЈАТА НА ИРЛ

Зошто “свиркачот” или некој друг решил овие транскрипти да ги забошоти?

ЗАТОА ШТО ВО НИВ СЕ СПОМНУВААТ ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ ОД СДСМ И ПОЛОВИНА ОД ТОГАШНИОТ ВРВ НА СДСМ!

Плусинфо ќе ги обелодени нивните имиња и содржината на разговорите во кои се спомнати.

Истражните органи да си ја вршат својата работа, а јавноста да ја знае целата вистина за коруптивните скандали поврзани со дискотеката “Пулс”, место на страшната трагедија во која загинаа 62 лица, а 200 беа повредени.

САБОТА, ВО 12.00, НА ПОРТАЛОТ ПЛУСИНФО, НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА ПЛУСИНФО И НА ОВА МЕСТО ( мислејќи на ФБ профилот Бранко Героски)

Се читаме! – напиша Героски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top