Македонија

Честитка од Мисајловски по повод 11 Октомври

Денеска по повод чествувањето на Денот на народното востание „11 Октомври“

mod.gov.mk

Денеска по повод чествувањето на Денот на народното востание „11 Октомври“, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски положија венец со свежо цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од народноослободителната и антифашистичка борба – симбол на нивната жртва и нашата благодарност, на партизанските гробишта во „Бутел“.

Венец со свежо цвеќе положи и делегација од Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал – мајор, Сашко Лафчиски.

По повод денешниот празник, министерот Мисајловски упати честитка до граѓаните.

-Денешниот ден не потсетува на храброста, пожртвуваноста и идеалите на нашите предци, кои храбро ја поведоа борбата за слобода, правда и достоинствен живот. Нивната решителност за создавање независна и слободна држава останува наша трајна и нè обврзува сите нас да се заложиме во изградбата на посилна, посигурна и просперитетна Македонија. Да ја чуваме нашата Македонија. Да ги негуваме слободата, демократијата и заедништвото. Да продолжиме заедно кон визијата за современа, безбедна и просперитетна Македонија! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание, се наведува во честитката на министерот за одбрана.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top