Македонија

Кандидат за градоначалник на СДСМ ги внесе ќерките во изборната кампања

Ќе му помогне ли на кандидатот тоа што своите деца ги внесува во политика од најмлада возраст

Кандидатот за градоначалник на Куманово од редовоте на СДСМ ги внесе ќерките во изборната кампања.

Кандидатот Мартин Костовски денеска објави фотографии од кои се гледа дека неговите ќерки цртале политички пароли за поддршка на нивниот татко.

Двете ќерки според фотографиите што претходно ги објавил Костовски се помлади малолетнички.

Во објавените цртежи малолетните деца ги напишале пораката од кампањата на СДСМ ,,Се бориме за нашиот дом” и бројот на избирачкото ливче на партијата.

,,Најголема поддршка од мои ќерке рано сабајле, идемо у нов дн у нову победу ✊”, напиша Костовски на социјалните мрежи.

Како ќерките на Костовски го доловиле нивниот татко во политичките цртежи е прашање на талент а инволвирање на деца во политичка кампања од нивните родители кандидати е прашање на добар вкус и родителска етика.

Објавата на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top