Македонија Свет

РСЕ: Ќе депортира ли Трамп јужноамриканци на Балканот?

Земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти како дел од поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран правен статус, велат од Стејт департментот за РСЕ. Владите на Србија, Косово и БиХ ниту потврдија ниту демантираа дали е тоа побарано од нив, Објави вчера Радио Слободн Европа „Илјадници километри далеку од својот […]

Земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти како дел од поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран правен статус, велат од Стејт департментот за РСЕ. Владите на Србија, Косово и БиХ ниту потврдија ниту демантираа дали е тоа побарано од нив, Објави вчера Радио Слободн Европа

„Илјадници километри далеку од својот дом, против своја волја — таква би можела да биде судбината на дел од околу половина милион луѓе со потекло од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, на кои САД ќе им го ускратат гостопримството.

Со депортација, овие луѓе би можеле да завршат и во Србија, која за првпат се споменува во ваков контекст на шпекулации.

Оваа можност ја навести американскиот Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори. Според нив, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Србија да прифати мигранти кои САД планираат да ги депортираат.

Во одговорот даден на Радио Слободна Европа од Стејт департментот, не се коментираат директно тврдењата на Bloomberg. Наместо тоа, се наведува дека земјите од балканскиот регион се вклучени во контакти како дел од поширока американска стратегија за депортација на странски државјани без регулиран правен статус.

„Такво нешто нема логика, особено ако се земе предвид географската оддалеченост,“ вели Никола Ковачевиќ, правник специјализиран за прашања поврзани со азил и миграција. Тој додава дека не може ни да претпостави како изборот би паѓал токму на Србија.

ПОВЕЌЕ

 

Трамп бара Србија да прими депортирани лица од САД

Најнови вести од: Македонија Свет

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

To top