Македонија

Пелегрини ја вознемири Софија со ставањето на Гоце Делчев и на Кирил и Методиј во македонски контекст

Словачкиот претседател при посетата на Скопје ги критикуваше Бугарија и ЕУ дека ја држат Македонија како заложник

Покрај критиките на Бугарија, иако не ја спомна, дека ја држи Македонија како заложник на патот кон Европската унија со уцената за впишување Бугари во Уставот, словачкиот претседател Петер Пелегрини ја вознемири Софија и со ставањето на Гоце Делчев и на Кирил и Методиј во македонски контекст.

Конкретно, јавноста во Бугарија е скандализирана од најавата од прес-службата на шефот на словачката држава дека за време на официјалната посета на Скопје „тој ќе го испочитува споменот на истакнатиот македонски револуционер и борец за слобода Гоце Делчев со положување венец на неговиот гроб во дворот на црквата ‘Свети Спас’“.

Другиот момент од објавата што им го крена притисокот на Бугарите е известувањето дека Силјановска и Пелегрини „исто така, разговараа за билатералните односи меѓу Словачка и Северна Македонија и ги опишаа како многу добри и со историски корени што датираат од времето на Кирил и Методиј“.

Сесловенските просветители се наведени и во Преамбулата на Уставот на Словачка, која заедно со Чешка пред пет години и официјално реагираше на приосвојувањето на нивното дело од Бугарија со преименувањето на државниот празник во нивна чест.

На 9 декември 2020 година, еден ден по ветото за Македонија во Брисел, бугарскиот парламент го нарече 24 Мај „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

 

Најнови вести од: Македонија

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Најнови вести

To top