Македонија

Тачи ги повикува „сите Албанци да не излегуваат на изборите“ и „им порачува на Македонците“: Нема да се шегувате со нас, Албанците, не сме се предале?!

Дали Мендух Тачи, лидерот на ДПА, партијата која нема воопшто да настапува на овие локални избори, се впушта во „етнички и политички маневри“ на прагот на изборите, само со цел да добие макар некој политички поен во очите на Албанците, без да излегува на избори?!

Преку емисијата „Пресинг“ на косовската телевизија Т 7 лидерот на ДПА Мендух Тачи Тачи „ги повика Албанците во Македонија да не излегуваат да гласаат на изборите што ќе се одржат во недела, за да им испратат порака на сојузниците, кои се незадоволни од положбата на Албанците таму“!? Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот пренесува: „Мојата партија не е толку важна, за да влијае силно на овие избори. Ги повикувам сите Албанци во Македонија да не излегуваат да гласаат.” – изјави Мендух Тачи.

Според него, конечната порака од неизлегувањето на Албанците на овие избори ќе стигне до Македонците. „Не надевајте се дека ќе се шегувате со нас, Албанците! Немојте да мислите дека сме се предале!“ – им порача на Македонците Тачи, пренесе „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top