Македонија

Уште 10 нови дестинации од Македонија кон светот

Се преговара за директни авиолинии со Данска, Финска и Блискиот Исток

 

Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона која започнува од крајот на октомври и ќе трае до крајот на март, најави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, во интервју за МИА.

Тој вели дека тимот веќе преговара со авиокомпании за директни линии со Данска, Финска и Блискиот Исток. Паралелно, се подготвува засилена поврзаност со Шпанија и со Обединетото Кралство.

Меѓу најочекуваните летови се новите линии до Бари, Стокхолм и Базел, кои стартуваат на 27 октомври. Ден потоа, на 28 октомври, Скопје првпат ќе се поврзе со Мадрид, а повторно ќе се воспостави и летот до Ларнака. Како што е најавено, на 15 декември треба да почнат летовите за Прага и за Келн.

Проширување следува и кон крајот на март 2026 година. Според најавеното, Виз Ер ќе ја врати линијата Скопје–Будимпешта и ќе воведе нова кон Неапол, додека Охрид ќе добие врска со Милано. Десеттата нова рута е Женева, која ИзиЏет ја обновува на 3 ноември.

ТАВ Македонија и државните институции ќе ги претстават овие новини на туристички настани во Копенхаген, Стокхолм, Тајпеј, Сеул и Токио.

Најнови вести од: Македонија

Нови закони за високо образование: Модуларност, стручни студии и построги критериуми за професори

Овие предлог-закони, изработени со учество на националното координативно тело составено од над 60 професори (кои работеле волонтерски), веќе се ставени на јавна расправа преку Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), каде што засегнатите страни можат да даваат сугестии.

Дали безалкохолното пиво „ќе покаже“ на алкометарот доколку ве запре полиција

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Тешко повредена жена по разорна експлозија и пожар во куќа во охридско Велгошти

Денес претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Вечерва стартуваат 25. Зимски олимписки игри во Италија! – Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска во тимот на Македонија!

Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија во 20 часот официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска и Виктор Петков, како и нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска.

Само вчера фатени уште 11 лица, кои возеле без возачка дозвола! – Возилата им се одземени!

Некои воопшто немале дозволи, некои имале активна забрана на дозволите, а двајца од нив се малолетници, кои возеле без возачка дозвола. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Уште еден протестант се извини на „цела Влада“, на „цела Македонија“: Не знаев што зборувам од стрес, згрешив!

На протестите против проектот „Безбеден град“ неколку граѓани јавно упатуваа закани за физичко насилство и убиства. Сега тие еден по еден во последниве неколку дена во свои снимени видеа „се извинуваат на владата, на министрите, на државата и на целата јавност“. Тие „објаснуваат“ дека во тие моменти „се наоѓале во стрес, во афект, нервоза и страв“. А сега пре целата јавност „изразуваат каење за своите постапки“ и на сите „им упатуваат извинување“!

To top